СДСМ повторно го кандидира Сашо Јанкоски за градоначалник на Вевчани

 СДСМ повторно го кандидира Сашо Јанкоски за градоначалник на Вевчани

Досегашниот градоначалник на Вевчани Сашо Јанкоски ќе биде кандидат на СДСМ за прв човек на оваа општина.

Јанкоски преку социјалните мрежи порача дека „огромната предност на анкетите во однос на опонентите преставува уште еден доказ дека се на вистинскиот пат“.

– Почитуван Вевчанци, Ви Благодарам за огромната доверба на анкетите за кандидатурата за градоначалник на општина Вевчани. Му благодарам и на ИО на СДСМ и претседателот Зоран Заев за укажаната доверба. Огромната предност на анкетите во однос на нашите опоненти преставува уште еден доказ дека сме на вистинскиот пат. Заедно направивме многу, заедно во следниот мандат ќе направиме уште повеќе за Вевчани. Заедно одиме на уште една сигурна победа за Вевчани, порача Јанкоски.

Престојните локални избори ќе се одржат во втората половина на октомври оваа година. (Крај)

извор: ОхридПрес

>
>