Се чистат каналите за наводнување во регионот на Струга

 Се чистат каналите за наводнување во регионот на Струга

IslBG

Водостопанство на РСМ, подружница „Црн Дрим“-Охрид, деновиве работи на чистење на каналите за наводнување на земјоделските површини во регионот на Струга. Моментално се чисти каналот Мулузија и каналот од с.Мислешево до реката Црн Дрим, во должина од 1.600 метри.

Досега од каналите се отстранети околу 4.800 кубни метри нанос.

Пред две години неколку населби останаа под вода, поради обилни врнежи од дожд и снег. Овој проблем во Струга е децениски, бидејќи дел од куќите се изградени под нивото на езерската вода.

Поради тоа пред почеток на сезона на врнежи, се пристапи кон чистење на мрежата канали.

>
>