Се чисти коритото на Црн Дрим

Се чисти коритото на Црн Дрим

Црн Дрим скоро испразнат. Продолжува да  чисти речното корито од устието до вливот во Глобочичко Езеро.

Втората фаза која започна деновиве  ќе го опфати делот од „Мостот на поезијата“ до истекот на Црн Дрим, кај Општата болница во Струга, во должина од 765 метри.

Според направените анализи, проценетата количина депониран нанос, како што соопшти Општина Струга, е приближно 14.000 кубни метри. Талогот, посочуваат, го намалува капацитетот на проток и прави нееднаква дистрибуција на брзината на водата, а предизвикува голем ризик од поплавување на населените места.

Чистењето на коритото на Црн Дрим е дел од регионалниот проект за интегрирано прекугранично управување со поплавите и ризиците од поплави, финансиран од Фондот за адаптација на ГЕФ, а се спроведува преку Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП, чија цел е да се намали ризикот и штетите од поплавите во регионот на реката Дрим.


Втората фаза од проектот, како што е наведено, се очекува да заврши до крајот на овој месец.

Во првата фаза се чистеше истекот на реката Црн Дрим од Охридското Езеро.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds