Интензивна дезинфекција во Струга

Интензивна дезинфекција во Струга

Согласно препораките на Владата и Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство , ЈП Комунално-Струга започна со реализација на мерките и активностите предвидени со препораките.


Со цел намалување на опасноста од ширењето на заразата со корона вирусот (Ковид19) се започна со превентивните мерки при што се врши дезинфекција на контенјерите за депонирање на отпад на територија на Општина Струга. Се врши прскање на јавните површини со дезинфекционо средство по најпрометните улици во градот Струга со цистерна, додека во потесните улички се прска со трактор со атомизер.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds