СЕ ФРЛИЛ ВРЗ БОМБАТА ЗА ДА ГО СПАСИ СИНОТ: Страшна трагедија кај Алексинац

 СЕ ФРЛИЛ ВРЗ БОМБАТА ЗА ДА ГО СПАСИ СИНОТ: Страшна трагедија кај Алексинац

45-годишниот Милорад А. починал денеска околу 11,30 часот во семејната куќа во селото Тешица кај Алексинац во обид да го заштити неговиот осумгодишен син од експлозија на рачна бомба, дознава „Блиц“.

Според се уште неофицијалнтие информации, момчето пронашло експлозивна направа во домот и му ја донело на својот татко. Човекот се обидел да ја земе бомбата од рацете на детето, но експлозивната направа била активирана. Со цел да го спаси детето, Милорад А. се фрлил врз  бомбата.

Несреќниот човек им подлегнал на ужасните повреди, а момчето било итно пренесено во болница. Како што е потврдено за „Блиц“, момчето не било сериозно повредено и има само повреда на увото.Извор: Блиц.рс

>
>