Се гради патека за пешаци и велосипеди покрај патот Струга – Калишта

Се гради патека за пешаци и велосипеди покрај патот Струга – Калишта

Градоначалникот на Општина Струга, Рамис Мерко заедно со раководителката на Центарот за Развој на Југозападниот плански регион Г-ѓа. Мирјана Лозаноска и дел од советниците на Советот на Општина Струга , денеска одблиску ги следеа градежните активности за патеката за пешаци и велисопеди покрај патот Струга – Калишта, со должина од 1,5 км.

Овој проект е финансиран од страна на Општина Струга и Швајцарската Агенција за развој и соработка. Патеката се гради со цел полесно движење на пешаците и рекреација, истата се очекува да биде готова за еден месец.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds