• 15/08/2020
 Се очекуваат пообилни врнежи

Се очекуваат пообилни врнежи

loading...
Advertisement

Под влијание на влажен бран од Медитеранот денес и утре ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд.

Пообилни врнежи на повеќе места ќе има во вечерните и ноќните часови, а утре повеќе врнежи се очекуваат во источните делови. На места ќе наврнат над 30 л/м2 дожд. Ќе дува повремено засилен југоисточен ветер (над 60 км/час), кој особено ќе биде изразен вдолж Повардарието, како и на повисоките места и на планините, предупредува Управата за хидрометеоролошки работи.

Максималната температура во Струга денеска, ќе достигне до 15 степени Целзиусови.

Во среда ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд и со повремено засилен југоисточен ветер. Променливо облачно ќе биде и во четврток, кога се очекуваат повремени врнежи од дожд.

Можеби ке те интересира