
Се отвораат границите за транзит на странци – за 5 часа мора да ја напуштат земјава
Протокол за непречен транзит на странски државјани низ територијата на Македонија, усвои владата на синоќешна седница.
До целосна либерализација на режимот за влез и излез од земјава, странците ќе може непречено да транзитираат низ Македонија и само преку граничните премини Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан, Блаце и аеродром Скопје.
Транзитот подразбира влез на еден граничен премин и излез на друг со обврска при транзитот да не се излегува од соодветниот автопат или локален пат а земјава мора да ја напуштат за 5 часа.