Се отвори асфалт среде плоштад и ,,проголта” автомобил (ФОТО)

Се отвори асфалт среде плоштад и ,,проголта” автомобил (ФОТО)

Од рускиот град Астрахан, пристигнаа неверојатни фотографии од автомобил кој пропаднал во земја среде една од најфреквентните улици во градот.

Возачот на Лада Ларгус невнимателно возел на работа во вчера наутро кога неговиот автомобил бил буквално проголтан. За среќа, човекот излегол на време и со солзи во очите гледал како неговото милениче полека исчезнува во дупка полна со вода.

Полицијата наскоро ја затворила целата улица Савушкинова, а градоначалничката Марија Пермјакова пристигнала на местото на инцидентот. Експертите кои извршиле увид во дупката изјавиле дека инцидентот е предизвикан од оштетени канализациони цевки на длабочина од осум метри.

Гувернерот на регионот Игор Бабушкин му ветил на несреќниот сопственик на возилото дека ќе му ја надомести штетата.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds