Се појавија и први снимки од борбите: Двете нуклеарни сили се судрија поради границата на Хималаите

 Се појавија и први снимки од борбите: Двете нуклеарни сили се судрија поради границата на Хималаите

Борбата „гради во гради“ се одвиваше помеѓу војските на Индија и Кина во долината Галван минатиот јуни.

Тоа беше првиот конфликт кој резултираше со човечки жртви после 45 години долж спорната „линија на контрола“. Првата снимка од конфликтот ја објавија денеска кинеските државни медиуми.

Видеото го прикажува кинескиот официр Ки Фабаоа кој им ја објаснува ситуацијата на кинеските војници. Потоа може да се видат конфронтираните војници како се движат низ реката и една група се впушта во борба.

Ки Фабао кој бил сериозно повреден во конфликтот, ја доби титулата „херој командир на четата за одбрана на границата“.

Во конфликтот кој траеше на 15-ти и 16-ти јуни, убиени беа 20 индиски војници, а кинеските власти признаа дека четворица нивни војници исто така го загубиле животот.

Спорот околу границата на Хималаите помеѓу двете нуклеарни сили трае со децении. Примирјето беше потпишано во 1962-ра година и утврдена е „линијата на контрола“ долга околу 3,380 километри.

>
>