Се појавила снимка од тепачката во “Бетон хала” во Белград: Летале шишиња и столчиња, хулиганите ги тепале гостите во кафулето

 Се појавила снимка од тепачката во “Бетон хала” во Белград: Летале шишиња и столчиња, хулиганите ги тепале гостите во кафулето

На просторот на Бетон хала во Белград, во подножјето на Калемегдан покрај реката Сава, за време на прославата на 32-та шампионска титула на ФК Црвена Звезда, вчера дошло до општа тепачка меѓу навивачите на клубот и симпатизерите на Партизан.

Во текот на вчерашните нереди во Бетон Хала, приведени биле повеќе од 100 лица. Хулиганите упаднале во градината на кафуле, а се појавила и снимка која покажува како ги тепале гостите кои седеле во градината.

На снимката се гледа како групата хулигани, кои ја прескокнале оградата на градината на кафулето, ги напаѓаат гостите. Исто така се гледа дека неколку од нив тепаат момче со клоци и тупаници, а кога тоа се обидува да се извлече, го фаќаат за рака и не му дозволуваат да замине.

Во текот на масовната тепачка, низ кафулето летале шишиња и столчиња, како што претходно за “Telegraf” опишала студентка која се нашла на самото место.

Поради вчерашните нереди во Бетон хала, приведени биле 130 полнолетни лица.

Десет осомничени, кои биле уапсени поради кривично дело насилно однесување, утре ќе бидат сослушани во Првото основно јавно обвинителство во Белград.

“Повеќе од 130 прекршители се приведени. Сопственоста и заштитата на секој граѓанин и гостин на Белград се гарантира. Ова повеќе нема да се повтори. Ова се ѓубрињата што го обесчестија нашиот град, ова се ѓубрињата кои ја обесчестија прославата и Црвена Звезда” изјавил министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин за РТС

x