Сè поради гледање во телефонот: Има среќа што го преживеал ова

 Сè поради гледање во телефонот: Има среќа што го преживеал ова

Заштитна ограда минала низ автомобил во американскиот град Меномони Фолс, бидејќи возачот гледал во телефонот наместо на патот. Има среќа што минал само со полесни повреди.

На гледајте во телефонот додека возите! Тоа е јасна порака на полицијата во градот Меномони Фолс во Висконсин која на Твитер споделила фотографија од тешка несреќа во која ограда минала низ автомобилот на возачот. А за сè е виновен недостигот на внимание. 

За среќа, возачот кој користел телефон зад воланот минал само со полесни повреди. Без разлика на тоа, полицијата предупредила дека недостигот на внимание може да чини живот.

Како што пренесува “Journal Sentinel” до несреќата дошло во петокот. Пожарникарите морале да го извлечат возачот кој бил префрлен во болница, а полицијата известила дека на крајот станало збор само за полесни повреди.

“Нема таква порака или повик кој вреди да се изгуби животот. Или поради која ќе повредите или убиете некој”, рекол Џерард Вашингтон, шеф на полицијата.

x