Се поставува лизгалиште на мраз

 Се поставува лизгалиште на мраз

Денес започнаа подготвителни активности за поставување на лизгалиште на мраз на улицата „Македонија“, пред НУЦК „Григор Прличев“.

Покрај лизгалиштето, во наредниот период, предвидено е и поставување на мала сцена на која секојдневно ќе се одржува забавна програма.

Проектот за изнајмување и поставување на лизгалиштето на мраз е на Агенција за млади и спорт, а општина Охрид ги изведува подготвителните зафати.

Извор:OhridNews