Се поставува нова водоводна инсталација кај градските гробишта во Струга

 Се поставува нова водоводна инсталација кај градските гробишта во Струга

Тим од Секторот за управување и уредување на Градските Православни гробишта при ЈП Комунално-Струга. деновиве изведува градежни активности за обезбедување на новите парцели со вода од градскиот водовод.

-Ќе бидат изградени две чешми од кои граѓаните кои ги посетуваат гробиштата ќе можат да ја користат водата за пиење како и за миење на спомениците.-информираат од претпријатието.

Ископот за поставувањето на водоводната инсталација го врши фирмата Балкан Шипинк од с. Ложани како нејзина донација. Додека фирмата Ади 2012 е донатор на сите потребни водоинсталатерски материјали за изградбата на двете чешми.