Се преврте камион кај Плетвар, сообраќајот се одвива по една лента

 Се преврте камион кај Плетвар, сообраќајот се одвива по една лента

Камион „сканија“ утрово се преврте на патот Прилеп – Градско, по превојот Плетвар. Како што информираат од полицијата за „Република“, несреќата се случила околу 8 часот, а засега нема пријавени повредени лица.

Сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента, а полицијата е на лице место и врши увид.

>
>