
Се разделија Михајловски и Кожув
По неполни три месеци од почетокот на сезоната и осум одиграни кола, дојде до првата тренерска смена во мак-кошарката. Гевгелиски Кожув ја прекинаа соработката со тренерот Игор Михајловски.
Кумановчанецот си замина од Гевгелија по само три победи и пет порази во домашниот шампионат.
Кобен за Михајловски беше поразот во понеделникот во Битола од вицешампионот Пелистер со 96-84. Во текот на денот дојде до спогобен раскин на договорот, кој имаше важност до крајот на оваа сезона. Михајловски претходно го водеше Кожув и во сезоната 2016/17.