Се разгледува можноста за отворање Европски центар во Струга

Се разгледува можноста за отворање Европски центар во Струга

Делегација на Европската Унија денес во посета на Струга на средба со градоначалникот Размиз Мерко. Главната причина за посетата беше да се разгледа можноста за отворање Европска куќа односно Европски центар во Струга, по налик на оние кои веќе се отворени во други делови на земјата како во Скопје, Струмица и Крива Паланка.

  • Ова се центри кои имаат навистина набиена програма и агенда, места каде што младите може да се дружат, да разговараат на неформален начин за теми што им се од интерес, места каде што им се прошируваат хоризонтите и каде што можат на уште поблизок начин да го искусат европскиот дух. Места каде што ќе можат да посетуваат обуки и да разговараат на различни теми односно да им се понуди еден начин на неформално образовани, рече заменик-шефот на делегацијата на Европската унија Џулијан Васало.

Струга е избрана како град, рече Васало, бидејќи е место каде што има еден убав соживот и сметаме дека тоа е една од вредностите кои ќе се обидеме да ја промовираме и во Европската куќа и сметаме дека ваков тип на Центар навистина му е потребен на овој дел од земјата.

Веќе имаме повеќе проекти реализирани кои се поддржани од ЕУ истакна градоначалникот на Општина Струга, Размиз Мерко.

  • На средбата стана збор за многу аспекти од интерес на економскиот развој на градот и обезбедување подобри услови за граѓаните на Струга. Разговаравме околу развојот на туризмот и заштитата на Охридското Езеро, односно за одржлив туризам, но и за развојот на проекти кои се во интерес на руралните и на урбаните средини, како и за социјалните проекти посебно за децата со Даунов синдорм и аутизам, да можеме во целост да ги заокружиме на позитивен начин за подобар град, рече Мерко.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds