Се размислува за отворање на терасите, но и продолжување на рестриктивните мерки за уште една недела

 Се размислува за отворање на терасите, но и продолжување на рестриктивните мерки за уште една недела

Комисијата за заразни болести утре на состанок ќе ја анализира епидемиолошката состојба со коронавирусот, по што ќе биде одлучено дали ќе има нови мерки за време на претстојните велигденски празници.

Според неофицијалните информации, се размислува за можно отворање на терасите на угостителските објекти, но и за продолжување на рестриктивните мерки за уште една недела.

Постојните мерки за ограничување на движењето и другите рестрикции и мерки за примена на личната заштита за спречување на ширењето на Ковид-19 се со важност до 27 април.

Според министерот за здравство Венко Филипче, состојбата со Ковид-19 во нашата држава се стабилизира.

x