Се реализира уште еден голем проект во нашето училиште!

 Се реализира уште еден голем проект во нашето училиште!

Денес заврши и последната фаза од промената на училишниот под во новиот дел од училишната зграда.

Оваа промена се реализира благодарение на проектот, кој што нашето училиште го доби аплицирајќи во организацијата УСАИД чии проекти имаат цел да им помогнат на училиштата за подобрување на условите за настава, како и посебна благодарност до Општина Струга која што го поддржа овој проект, па преку три страна соработка овој проект се реализира и донесе видливи промени во нашето училиште, со што и се подобриа условите за настава.

За овој проект аплицираа 100 училишта, а само 12 од нив кои аплицирале го добија проектот, меѓу кои и нашето училиште. Со завршување на овој проект, училиштето доби потполно друга слика, со што се подобри амбиентот во кој се одвива наставата.