Се сеќавате ли на ова момче од филмот „Сам дома“? Тој е роден брат на Кевин и еден од најбараните актери на денешницава

 Се сеќавате ли на ова момче од филмот „Сам дома“? Тој е роден брат на Кевин и еден од најбараните актери на денешницава

Празниците се вистинско време за повторно гледање на филмот „Сам дома“. Меѓутоа, дали се сеќавате на малиот роднина Фулер Мекалистер, момчето кое што ја „разоружа“ публиката со своето појавување?

Ова момче е омилен лик на многумина, а се појавува само неколку минути во филмовите „Сам дома 1 и 2“.

Меѓутоа, многумина не знаат дека станува збор за актерот Киран Калкин, родениот брат на Меколи Калкин кој што во филмот ја толкува улогата на момчето Кевин.

Во текот на последните години Киран стана многу популарен поради својот постар брат. Почна да важи за еден од најперспективните млади актери.

Иако глуми од детството, дури сега ја освои престижната награда „Златен глобус“ и неколку пати беше номиниран за „Еми“ наградите. Се најде на најбараната листа на актери на денешницава.

Публиката Киран го откри во серијата „Succesion“. Станува збор за сатирична драма со елементи на комедија во која што Киран ја толкува една од најзначајните улоги.

Тој е Роман Рој, еден од синовите на популарниот бизнисмен кој со семејството влегува во расправа кој ќе ја наследи татковата фирма. Неговата глума е пофалена од страна на најпознатите светски ѕвезди, а набрзо потоа Калкин стана една од најголемите ѕвезди на серијата.

>
>