Се шират лажни вести и паника, во земјава нема заболени од Корона вирус

Се шират лажни вести и паника, во земјава нема заболени од Корона вирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, ги демантира лажните вести објавени на одредени портали кои пишуваат дека граѓаните се во паника, затоа што државната болница примила пациенти со Корона вирус и дека полициската единица за брзо распоредување го блокирала приодот кон болницата.

Во демантот на неговиот твитер, Филипче ја информира јавноста дека во нашата земја нема ниту еден пациент под сомнение дека е заразен со Корона вирусот.

На социјалните мрежи почнала да се шири лажна вест за идентификуван заболен од коронавирус во Скопје. Остро ја демантираме таа вест, во државава нема ниту еден случај на заболен од коронавирус. Бидете одговорни и не ширете лаги и паника во врска со коронавирус.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds