• 26/09/2020

Сe удави 16-годишно момче во Преспа

 Сe удави 16-годишно момче во Преспа
loading...
Advertisement

Шеснаесетгодишно момче од Ресен доцна попладнево исчезна во водите на Преспанското езеро во туристичката населба Претор.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека инцидентот го пријавила Итната медицинска помош во полициската станица Ресен.„Во 18.18 часот во Полициска станица-Ресен, од итната медицинска помош било пријавено дека во туристичката населба-Претор, во водите на Преспанското езеро, исчезнал И. М. (2004) од Ресен.

На лице место се упатени Служби“, велат од МВР.Нуркачи трагаат по телото на тинејџерот, кој се претпоставува дека се удавил откако се превртела педалинка.

Неофицијално, со него имало уште две момчиња, кои по превртувањето на педалинката допливале до брегот.