
Се урна авион среде град: Во несреќата загинаа најмалку шест лица
Мал авион се урна на прометна улица во главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс, при што загинаа најмалку шест лица, меѓу кои и еден пилот. Авионот полетал од аеродромот Порт-о-Пренс кон градот Жакмел на Хаити, а по 20 минути пилотот испратил предупредување дека моторот им се расипал, објави Агенцијата за цивилно воздухопловство.
Џуд Едуард Пјер, градоначалник на Карфур каде што се урна авионот изјави дека шест лица загинале. Сочувство до семејствата на жртвите преку Твитер изрази премиерот Ариел Хенри.