
Се враќа „нормалниот живот“ во Грција: Од денеска отворени терасите на угостителските објекти
Според грчките власти, најмалку 330 илјади луѓе работат во угостителството. Според претседателот на синдикатот на угостителите, Јоргос Каватас, стотици ресторани, барови и кафетерии во централното градско подрачје на Солун и Атина веќе ставиле клуч.
Каватас изрази загриженост посебно за угостителските објекти кои немаат тераси. Според неговите податоци, околу 20% од угостителските објекти немаат тераси.
Отворањето на терасите сепак е проследено од строги мерки. Вработените ќе мора да се тестираат еднаш неделно и ќе мора да носат маски. На маса ќе може да седнат најмногу шестмина, а локалите ќе мора да бидат затворени пред 23 часот затоа што тогаш започнува полициски час.
Грчката влада се надева дека туризмот оваа година ќе се врати во нормала и ќе влијае позитивно на економијата, со оглед на тоа што повеќе од една четвртина од приходите зависат од тој сектор.