Се запали болница во Њујорк, неколку повредени (ВИДЕО)

 Се запали болница во Њујорк, неколку повредени (ВИДЕО)

Најмалку две лица се повредени во голем пожар кој избил во болницата „Сент Џон“ во Квинс во Њујорк. Во гаснењето на пожарот учествувале 100 итни служби.

Пожарот се случил околу 17 часот по локално време.

„Њујорк тајмс“ известуваше дека две лица заработиле лесни повреди во инцидентот. Снимките кои кружат по социјалните мрежи покажуваат огромен густ чад од кровот на болницата, додека пламен избива од прозорите на спратот.

Пожарот бил локализиран, а зградата делумно евакуирана. Пациентите кои биле на лекување, биле пренесени во друга болница за да го продолжат лекувањето.

>
>