• 28/09/2020

Се запали облакодер во Обединетите Арапски Емирати

 Се запали облакодер во Обединетите Арапски Емирати
loading...
Advertisement

Се запали облакодерот Abbco Tower во градот Шарџа во Обединетите Арапски Емирати, пишуваат светските медиуми. Пожарот избувнал на 10. кат од висококатницата, која вкупно има 48 ката.

Шарџа е град кој се наоѓа на Персискиот Залив и е дел од Обединетите Арапски Емирати. Тој е дел од градското подрачје на Дубаи Шарџа Ајман и е трет наголем град во УАЕ.

„Слушнавме викотници и наеднаш, за неколку секунди се појавија голем број пожарникари. Сирени одекнуваа на сите страни од улицата. Бев исплашена за моето семејство. Ги земав моите најмили со мене и побегнав“, изјавила Саманта од Зимбабве, која просведочила на несреќата, пренесува Khaleej Times.

Надлежните ги презеле сите потребни безбедносни мерки, а како резултат на дополнителна заштита, биле евакуирани и станарите од петте згради кои се наоѓале во близина на облакодерот.