Се запали возило на патот Охрид-Струга: Прекршена забрана за движење во полициски час

 Се запали возило на патот Охрид-Струга: Прекршена забрана за движење во полициски час

Вчера околу 09 часот, во СВР Охрид пријавен е пожар во патничко возило во движење на магистралниот пат Охрид-Струга. Од извршениот увид, констатирано е дека, опожарено е возило „Пежо“ со охридски регистарски ознаки управувано од жител на струшкото село Биџево и дека нема повредни лица. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Охрид.

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 35-годишен жител на струшкото село Заграчани.

При контрола извршена на 22.03.2021 година во 22.50 часот, полициски службеници го затекнале пријавениот на булеварот „Туристичка“ во Охрид и утврдиле дека тој, нема дозвола за движење во полициски час со што, ја прекршил забраната за движење на населението во времето од 20 до 05 часот.

>
>