Се затвораат сите ковид-центри на интерните клиники во Скопје

 Се затвораат сите ковид-центри на интерните клиники во Скопје

epa08764781 Two ambulances carrying patients infected with COVID-19 arrive at the University Clinic for Infectious Diseases in Skopje, Republic of North Macedonia, 22 October 2020.The autumn wave of COVID-19 filled up hospitals in North Macedonia. The last available beds in the country are in an assembly hospital next to the clinic for infectology which is rapidly filling up. The minister of health Venko Filipce said that if these last capacities are filled, there are no other measures left but setting police curfew and total lock down. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Од денеска се затвораат сите ковид-центри на интерните клиники и во Комплексот „Мајка Тереза“, соопшти Министерството за здравство.

Ковид позитивни пациенти ќе примаат само Институтот за ТБЦ и Клиниката за инфективни болести.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 8 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 142 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 150 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

>
>