Сечеле глави, ги палеле телата со киселина, но направена е голема грешка: Полицијата открила страшни снимки

 Сечеле глави, ги палеле телата со киселина, но направена е голема грешка: Полицијата открила страшни снимки

Лидерот на навивачите близок со “кавчаните” е уапсен утрово во околу 5 часот, додека наводно со припадниците на својата група се обидувал да ги уништи доказите за бројните злосторства.

Вељко Беливук, алијас Веља Неволја и неговата десна рака Марко Миљковиќ, кои се осомничени дека биле лидери на една од најмоќните криминални групи која со години сеела страв и вршела најбрутални злосторства во регионот, се уапсени поради повеќе изнуди, киднапирања и брутални убиства.

Како што пишува српски “Курир”, полицијата во соработка со БИА и обвинителството за организиран криминал, освен двајцата организатори, уапсила уште 15 припадници на групата поради сомнение дека извршиле најмалку девет ликвидации, меѓу кои и убиството на навивачот на Црвена Ѕвезда Здравко Радојевиќ, кој без траг исчезнал минатата година. Неволја бил уапсен на планината Рудник, а Миљковиќ во Белград. Во текот на вчерашниот ден биле претресени повеќе од 30 локации, меѓу кои и три викендички, лоцирани меѓу Лозница и Горни Милановац, во кои биле пронајдени клучни докази за некои од најбруталните злосторства кои ги извршиле.

Место на злосторството

“Клучните докази за ликвидациите зад кои, како што се сомневаме, стои Беливук со припадниците на неговата криминална група, која според бруталноста кон жртвите го надмина и земунскиот клан, се пронајдени во овие три викендички. Освен оружје, откриени се и материјални докази, остатоци и ДНК материјали, а форензичарите и натаму проверуваат дали меѓу насобраните трагови има биолошки материјали од минатиот период”, открил изворот на “Kurir.rs” и објаснил дека три куќи се третираат како места на злосторствата.

Според неговите зборови, во текот на претходната година се случиле повеќе киднапирања кои се доведуваат во врска со оваа криминална група. Жртвите, но и нивните тела не се пронајдени до денес. Како што дознава српски “Kurir”, денеска се пронајдени клучни докази кои упатуваат на тоа дека жртвите биле мачени, а потоа горени со киселина во овие куќи.

“Исчезнати се повеќе луѓе, за чии судбини со месеци не се знае ништо. Меѓу нив е Радојевиќ, на кого секаков траг му се губи во август минатата година, но и на Горан Величковиќ Гокси, како и на пинк-пантерот Миљан Љепоја. Постои сомнеж дека сите се брутално убиени”, објаснува тој.

Лидерот на навивачите близок со Кавачкиот клан бил уапсен утрово во околу пет часот, и тоа додека наводно со припадниците на својата група се обидувал да ги уништи трагите од злосторството.

“Неволја и припадници на неговата криминална група паднаа кога одеа да ги запалат автомобилите кои ги користеле во текот на киднапирањата и убиствата. Автомобилот “Смарт” кој го однеле во Рудник е клучен доказ во истрагата за исчезнувањето на Горан Величковиќ Гокси. Во тој автомобил е снимен Беливук додека разговарал со Величковиќ, на кого потоа му се губи секој траг”, открил извор на истрагата.

Кобна грешка на припадниците на групата на Беливук

Според зборовите на изворот, оперативните информации укажуваат дека злосторствата ги снимале, а потоа видео материјалот си го препраќале едни на други.

“На разоткривањето на една од најголемите криминални групи во регионот се работеше со месеци. Се појавија информации дека групата ги снимала злосторствата и ги препраќала преку апликацијата “Skaj”, која ја користеле за меѓусебна комуникација. Постојат информации кои укажуваат дека на еден од убиените му ја отсекле главата, на друг јазикот, додека ги топеле деловите од телата”, објаснува извор од истрагата.

Им се заканува доживотна казна

Вељко Беливук и неговите соработници, доколку бидат осомничени за тешко убиство, би можеле да бидат осудени на доживотна казна затвор.

“Со измената на законот, за најтежок облик на убиства сега, наместо 40 години, има доживотна казна затвор”, рекол соговорникот на “Kurir.rs”. Тој објаснува дека осомничените најверојатно денеска ќе бидат приведени на сослушување во Обвинителството за организиран криминал.

>
>