Седум автомобили во Струга подигнати поради непрописно паркирање

 Седум автомобили во Струга подигнати поради непрописно паркирање

На 19-ти јануари 2021 година, во времето 09:00 до 16:00 часот, СВР Охрид спроведе безбедносни мерки во сообраќајот.

– Притоа, на подрачјето на Охрид, сопрени се 50, а во Дебар десет возила кои, во населено и надвор од населено место, се движеле со брзина поголема од дозволената. Во Струга, поради неправилно и недозволено паркирање, со специјално возило подигнати се седум автомобили, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

>
>