• 18/09/2020

Седумте пациенти што денес се тестираа немаат коронавирус, еден тест ќе се повтори

 Седумте пациенти што денес се тестираа немаат коронавирус, еден тест ќе се повтори
loading...
Advertisement

Министерството за здравство информира дека резултатите на 7-те пациенти кои претпладнево се тестираа се негативни на корона вирус.

Денеска се тестираа пациенти од Куманово, Тетово, Кичево, Охрид, две трудници од Дебар и еден пациент од Кочани, чиј брис пристигна преку ЦЈЗ Штип.

Тестот на пациентот од Кочани, е негативен, но заради типичните симптоми на вирусот, истиот се повторува. Министерството за здравство ќе информира за резултатот.