„Секое утро станувам во 4:30 часот за да му припремам појадок на сопругот“: Бурна расправа на Фејсбук поради потегот на оваа жена

 „Секое утро станувам во 4:30 часот за да му припремам појадок на сопругот“: Бурна расправа на Фејсбук поради потегот на оваа жена

Брук Смит, мајка на 4 деца од Бризбејн, покрај грижата за децата и домот, секое утро станува во 4:30 часот наутро за да му припреми појадок на сопругот, пренесува „LADBible“.

„Не си легнувам се додека не припремам оброк за сите за утредента, да им ја спремам облеката и се додека не куќата не е чиста и садовите не се измиени“, напишала таа во една Фејсбук група за домаќинство. 

„Некогаш си легнувам во 9 часот навечер, а некогаш на полноќ, но секогаш станувам во исто време – 4:30 часот за да му припремам појадок на сопругот и да му направам кафе, а потоа да ја испијам мојата шолја кафе, да се истуширам на мира, да извежбам, да медитирам и да се спремам за денот што следува“, вели Смит и додава:

„Среќна мајка значи и среќно семејство. Правете го ова дури и кога се чувствувате мрзеливо и ќе бидете задоволни во текот на денот“.

По ваквата објава, коментарите само се нижеле.

„Мојата мајка го правела ова за мојот татко, но тој е роден во 1929 година, а таа во 1931 година. Сега е 2020 година. Мојот сопруг сам си ја пере облеката, децата сами си го припремаат појадокот“, гласел еден од коментарите на кој Брук имала спремен одговор:

„Секогаш постојат позитивни и негативни коментари, а многу жени мислат дека живеам во 50-те и дека не би требало да правам вакви работи за мојот сопруг. Сметам дека ако некој работи на сонце цел ден, најмалку што можам да направам за него е да зготвам јадење и да исчистам. Мислам дека сме посреќно семејство токму поради тие традиционални работи кои ги негуваме“, напишала сопругата.