Секој петти граѓанин во Хрватска примил вакцина против коронавирус

 Секој петти граѓанин во Хрватска примил вакцина против коронавирус

Досега, во согласност со планот за вакцинација, секој петти хрватски граѓанин е вакциниран, објави Хрватскиот институт за јавно здравје, пренесува „Индекс.хр“.

Највисок опфат со вакцинација е постигнат во возрасната група од 70 години и постари, од кои 54% примиле барем една доза вакцина.

Во периодот од 27 декември 2020 година до 30 април 2021 година досега во Хрватска се потрошени 901.120 дози вакцини, а со оглед на големиот број дози на вакцини кои се најавени дека ќе пристигнат текот на мај и јуни, динамиката на вакцинација ќе овозможи вакцинирање на повеќе од 1.848.462 лица до крајот на јуни или повеќе од 55% од возрасните, пишува „Индекс.хр“.

>
>