Секретаријатот за европски прашања вчера во Струга ја одржа годишната конференција „Заедно кон ѕвездите“

Секретаријатот за европски прашања вчера во Струга ја одржа годишната конференција „Заедно кон ѕвездите“

Секретаријатот за европски прашања вчера во Струга ја одржа годишната конференција „Заедно кон ѕвездите“, на која се врши пресек на досега сработеното во областа на европските интеграции, а ќе бидат отворени и темите поврзани со перспективите и очекувањата од новата Европска Комисија, иницијативите на клучните земји – членки за иднината на Европа, како и можностите на СЕП и воопшто на земјава, за усогласување со новите европски перспективи.

На воведниот дел од конференцијата насловен „Состојбата со Европските интеграции на Република Северна Македонија, предизвиците и можностите по октомврискиот самит на ЕУ” свое обраќање имаше заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи. Тој односите во самата ЕУ во овој миг ги оцени како доста сложени, но со очекувања за позитивен развој на настаните, преку изнаоѓање начин како земјата да ги отпочне претпристапните преговори за членство во Унијата.

Османи забележа дека самите односи во рамки на ЕУ и натамошната динамика на нејзиното проширување се одвиваат со, како што рече, „далеку помала предвидливост“.

– Земјата беше подготвена за почеток на преговори за членство, Но, беше направена грешка, а сега сите се обидуваат да најдат начини како да се поправи таа грешка. Прво тоа беше францускиот нон-пејпер како писмо со намери, како и вчера објавениот нон-пејпер на девет членки на ЕУ, кој е развивање на француската идеја во подобра насока, имајќи ги предвид нашите укажувања дека има прашања кои ние не можеме да ги прифатиме, рече тој, оценувајќи го тој процес како позитивен развој на ситуацијата.

Османи изрази очекување дека Европската комисија наскоро ќе предложи нова методологија за проширување на ЕУ.

На годишната конференција на СЕП учествуваа и Џулијан Васал, Заменик-шеф на Делегацијата на ЕУ во земјава и раководител на Оддел за политички прашања, Амер Капетановиќ, Шеф на политичкиот оддел при Советот за Регионална Соработка (RCC), Ерван Фуере, поранешен евроамбасадор во Република Северна Македонија, како и Франсоа Лафонд, и Золтан Марку, советници на ЗПВРСМ Османи делегирани во СЕП соодветно од владите на Франција и Унгарија.

Во своите обраќања, говорниците го поздравија напредокот на земјата, како резултат на посветеноста на Владата, но и работата на СЕП, при што упатија пораки дека во претстојниот период до конечното утврдување на новата методологија треба да продолжи спроведувањето на реформите, бидејќи трансформацијата на општеството согласно стандардите и правилата на ЕУ е значајно за земјава и за подобрување на животниот стандард на граѓаните кои живеат овде, а не за Унијата.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds