Село во Канада три дена уриваше температурни рекорди , денеска изгоре (ВИДЕО)

 Село во Канада три дена уриваше температурни рекорди , денеска изгоре (ВИДЕО)

Литон, мало село во канадската провинција Британска Колумбија, го собори температурниот рекор во историјата на мерењата во Канада последните три дена по ред, со измерени дури 49,6 степени Целзиусови во вторникот.

Во средата вечерта, градоначалникот на тоа мало планинско село со околу 250 жители морал да издаде налог за евакуација поради експлозивен оган што се приближувал.

Огнот наскоро стигна и го зафати Литон. Локалниот канадски парламентарец Бред Вис изјави дека дури 90% од селото изгорело во пожарот, пренесува Би-Би-Си. Градоначалникот, Јан Полдерман, за Би-Би-Си изјавил дека „имал среќа што извадил жива глава“.

“Нема да остане премногу од Литон. Огнот беше насекаде”, додаде шефот.

“Нашиот сиромашен мал град Литон го нема! Ова е толку поразително – сите сме во шок! Членовите на нашата заедница изгубија сè”, напиша на Фејсбук една жителка, Едит Лоринг Куханга.

Граѓанската советничка Лилијан Греј изјави дека повеќето жители избегале од пожарот „само со облеката што ја носеле“ и дека штетата што ја направил пожарот е „катастрофална“, објави „Вашингтон пост“.

“Плачев. Ќерка ми плачеше. Ми рече:” Дури и не знам зошто го зграпчив клучот. Можеби веќе немаме ниту дом “. Јас реков: ‘Да, знам. Сè додека сме заедно, ќе преживееме’. Само се молам нашите куќи да се во ред “, изјави за канадската ЦБЦ Mcан Мекеј, која морала да побегне од блиската Канака Бар.

За жал, не сите жители беа во можност да излезат навреме од Литон. Џеф Чепмен за канадскиот весник National Post потврдил дека неговите родители загинале во пожарот.

Имено, тие се засолниле во дупка во земјата покрај куќата која започналала да гори. Нивниот син некако успеал да избега од куќата. Тој вели дека сето тоа се случило неверојатно брзо – се подготвувале за скара во дворот, кога го виделе најпрво чадот надвор од селото, а само по неколку моменти пожарот.

Канадскиот новинар Џастин Мекелрој објавил на Твитер фотографии од Литон пред и пожарот, додавајќи дека потрагата по жителите кои во меѓувреме не се пријавиле во ургентните центри се уште трае. Ова значи дека, за жал, бројот на загинати може да биде многу поголем.

Литон се наоѓа на 50 степени северна географска ширина – приближно исто како и Лондон. Иако глобалното затоплување веројатно е поврзано со рекордниот топлотен бран што ги зафати западна Канада и северозападниот, а во помала мера и источниот дел на САД, Британска Колумбија е изложена на летни горештини, нетипични за тие географски широчини, поради специфичните географски и климатски услови.

Литон, село во долината на реката Фрејзер, е наречен дури и „Жешка точка на Канада“ поради високите температури што ги достигнува во текот на летото, до 35 или понекогаш и повисоки од 40 степени – но кои никогаш не биле толку високи како ова лето .

Глобалното затоплување е особено изразено во планинските области, каде што температурите растат уште побрзо отколку на други места. Кога снегот и мразот се повлекуваат или дури исчезнуваат од планините, голата земја подолу може непречено да се загрее. Студија од 2015 година открила дека планинските области над 2.000 стапки надморска височина се загреваат околу 75% побрзо од пониските места.

>
>