Семејството од Србија убиено поради 100.000 евра кои ги носеле во резервното тркало од возилото

 Семејството од Србија убиено поради 100.000 евра кои ги носеле во резервното тркало од возилото

Откриени се нови детали од убиството на семејството Џокиќ во Србија.Како што пишува „Информер“ тие се убиени поради парите што ги носеле во багажникот од автомобилот со кој се возеле кобната вечер.

Во нивниот „Пасат“ наводно имало 100.000 евра скриени во резервното тркало.Кога биле киднапирани  се упатиле кон атарот на  селото Тесиќ кој воопшто не е во нивниот правец на движење.

Парите биле скриени во резервното тркало. Напаѓачот тоа добро го знаел и затоа се одлучил на ова злосторство. Кога возилото е пронајдено запалено, резервното тркало го немало.