Серија земјотреси во текот на ноќта ја стресоа Македонија

 Серија земјотреси во текот на ноќта ја стресоа Македонија

Три земјотреси ја стресоа Македонија во текот на ноќта. Како што соопшти сеизмолошката опсерваторија, регистрирани се три потреси во близина на Маврово и тоа во 3:52, 4:59 и 6:15 часот.

Првите два беа со јачина од 3,2 степени според Рихтер, а третиот со 2,4.

-Според досегашните податоци првите два земјотреса беа почувствувани од населението во Маврово со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, додека во Гостивар и Кичево со интензитет од III степени а третиот земјотрес беше почувствуван во Маврово и околината со интензитет од III степени според истата скала, велат од Сеизмолошката опсерваторија

>
>