Шампионот во Серија А во случај на ист број бодови ќе се решава со “мајсторка”

Шампионот во Серија А во случај на ист број бодови ќе се решава со “мајсторка”

На денешниот состанок на Италијанската Фудбалска Асоцијација се потврди одлуката шампионот во случај двете екипи да имаат исто бодови да се решава преку плеј-оф натпревар.

Според досегашните правила во Италија во ситуација на ист број бодови решаваа меѓусебните дуели, но од наредната сезона се воведува мајсторката. Треба да се спомене и дека ако тој натпревар заврши со реми, нема да има продолженија туку веднаш ќе се изведуваат пенали.

Во историјата на италијанскиот фудбал шампионот со мајсторка се решавал само еднаш и тоа во далечната 1964 година кога Болоња беше подобра од Интер со 2:0.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds