• 25/09/2020

Шекеринска од струшкиот регион: Владата покажа дека една милијарда инвестиции во инфраструктурата го смени на подобро квалитетот на живот на граѓаните

 Шекеринска од струшкиот регион: Владата покажа дека една милијарда инвестиции во инфраструктурата го смени на подобро квалитетот на живот на граѓаните
loading...
Advertisement

„Оние кои сакаат да инвестираат во иднината инвестираат во инфраструктура. Денеска ми беше навистина задоволство што можев да го посетам граничниот премин Ќафасан каде што Владата инвестираше сериозни средства во соработка со ЕУ за да обезбеди полесен транспорт, побрзо минување на граничниот премин и поголема размена со нашите соседи. Инвестираме во граничните премини заради тоа што знаеме дека тие се шанса за бизнисите полесно да можат да продаваат, полесно да можат да се развиваат и да извезуваат. Новите објекти на граничниот премин Ќафасан покажуваат колку брзо можеме да ја менуваме инфраструктурата и таа да биде во поддршка и на граѓаните, но и на македонската економија.Гледаме дека нашата размена и со Албанија расте, гледаме дека се зголемува буквално транзитот и на граѓани, особено пред корона кризата, се разбира сега работите се сосема поинакви, меѓутоа оваа нова инфраструктура ќе биде подготвена да се враќаме полека во нормала и да обезбедиме поголем проток на луѓе и на стока.Денеска сме и во Лабуништа, ми беше навистина задоволство да видам колку брзо неколку важни работа за луѓето во Лабуништа се променија. Секој пат кога сум го посетувала Лабуништа истите дискусии сме ги воделе – каква е патната инфраструктура, каква е состојбата со образованието, особено земајќи предвид дека голем број на деца немаа шанси да имаат каква било спортска активност. Денеска задоволство ми е да бидеме присутни таму каде што животот е подобар, а подобар е затоа што сме вложувале во вистински работи.После 40 години и повеќе успеавме да инвестираме во важен патен правец за целиот овој крај. Патниот правец Суво поле – Лабуништа е целосно реконструиран благодарејќи на средства од Јавното претпријатие за државни патишта и Платежната држава агенција. Тоа покажува – кога институциите соработуваат, навистина резултатите се видливи.Денеска ми беше задоволство да ја видам и новата прва спортска сала наменета за сите ученици во Лабуништа, но да видам и дека се реконструира училиштето. Ова заедно со уште еден важен регионален правец кој што веќе е реконструиран и кој што го поврзува Лабуништа и со Боровец и со Јабланица покажува дека инвестиравме во инфраструктурни проекти кои се многу важни за граѓаните. Граѓаните на Лабуништа отсекогаш давале поддршка на концептот „Едно општество за сите“.Ние како Влада сакавме да покажеме со поддршка на сите овие проекти дека таа доверба се враќа и дека буквално кога сме заедно, кога си помагаме и ги прифаќаме различните потреби и размислувања, резултатите се повеќе од видливи.Денеска газиме на нов асфалт, гледаме нови објекти, гледаме обновени училишта и тоа е резултат на таа доверба која што секогаш сме ја имале овде со граѓаните на Лабуништа. Слична ситуација беше и пред извесно време кога граѓаните на Лабуништа реагираа за проблемите врзани со животната средина и особено врзани со неколку концесии во близина.Како Влада покажавме и слух и брзина да реагираме таму каде што се крши законот и каде што се загрозува човечкото здравје. Бидејќи човечкото здравје нема алтернатива денеска и во Лабуништа ја испраќаме истата порака – сите сме во кампања, но сите мора да ги почитуваме правилата и да гарантираме силна заштита на нашето здравје.Задоволство ми е што гледам дека и во Лабуништа мерките навистина широко се користат и се применуваат и тоа покажува дека научивме нешто од лекциите кои за жал ни ги приреди коронавирусот“.