Шест лица од Дебар и еден странец се тестираат за коронавирус

 Шест лица од Дебар и еден странец се тестираат за коронавирус

Министерството за здравство информира дека во моментов на коронавирус се тестираат шест лица од Дебар.

„Од нив, четворица имале контакт со заболените од Дебар. Еден доктор епидемиолог и еден лабораториски техничар исто така од Дебар кои се без симптоми на коронавирус, но за кои е важно да направиме проверка на нивната здравствена состојба“, соопштија од МЗ.

На коронавирус се тестира и странец преку Центарот за јавно здравје во Битола.

Резултатите ќе бидат готови за неколку часа, по што МЗ ќе ја информира јавноста.

>
>