• 18/09/2020

Шест нови случаи на коронавирус, меѓу нив 4-годишно девојче од Штип

 Шест нови случаи на коронавирус, меѓу нив 4-годишно девојче од Штип
loading...
Advertisement

Министерството за здравство информира дека до 16 часот дијагностицирани се шест нови пациенти заболени со коронавирус.

Се работи за едно девојче од Штип на 4-годишна возраст, кое се инфицирало во градинка во Англија. Семејството се вратило во земјата на 14 март и било во домашна изолација. На тестирање се јавиле вчера, два дена откако девојчето ги почувствувало првите симптоми.

Во Дебар се регистрирани три нови случаи на коронавирус, тестовите се направени во рамките на скринингот.

Во Скопје е регистриран еден случај, контакт на претходно дијагностицираните.

И во Гостивар е потврден случај на коронавирус. Се работи за жена вратена од Швајцарија која била во домашна изолација. На тестирање се јавила сама, а на епидемиолошката анкета навела дека имала контакт со заболен во Швајцарија.

Во моментов се тестираат 35 лица, за кои Министерството за здравство ќе извести веднаш по добивање на резултатите.