Шест Палестинци со помош на ‘рѓосана лажица побегнаа од строго чуван израелски затвор (ВИДЕО)

 Шест Палестинци со помош на ‘рѓосана лажица побегнаа од строго чуван израелски затвор (ВИДЕО)

Шестмина Палестинци избегаа од израелски затвор со високо ниво на заштита, што премиерот Нафтали Бенет го нарече сериозен инцидент.

Израелската полиција организираше голема потера во северен Израел и окупираниот Западен Брег, бидејќи синоќа шестмина палестински затвореници избегаа од затвор.

Поставени се блокади на патиштата и полицијата патролира во областа, а 400 затвореници се префрлени како мерка на претпазливост за да спречат понатамошни обиди за бегство, објави израелското воено радио.

Петмина од бегалците припаѓаат на движењето Исламски џихад, а меѓу нив е и поранешниот командант на вооружена група која е поврзана со водечката партија Фатах, соопшти затворската служба.

Арик Јаков – командант на затворската служба, изјави дека бегалците најверојатно отвориле дупка во подот на тоалетот на нивната ќелија, со цел да пристапат до премините направени за време на изградбата на затворот.

Објектот оддалечен на околу 4 километри од границата со окупираниот Западен Брег, е еден од најстрогите затвори во Израел и во него се сместени Палестинци осудени или осомничени за антиизраелски активности, вклучително и за смртоносни напади.

>
>