Шест знаци дека пиете премногу вода

 Шест знаци дека пиете премногу вода

Повеќето луѓе пијат многу вода, тоа е навистина добро за нив сè додека не започнат да пијат и отколку што требаТоа може сериозно да влијае на здравствената состојба.

Водата е потребна за правилно функционирање на организмот, но како и со сè друго – не треба да претерувате и да пиете премногу вода. Како телото ве предупредува дека пиете премногу вода?

Уморни сте

Бубрезите се одговорни за филтрирање на водата низ телото. Кога пиете премногу вода, бубрезите работат уште понапорно при што телото е под стрес и ќе чувствувате умор.

Грчеви во мускулите

Ако пиете премногу вода може да се намали нивото на електролити во телото и да почувствувате грчеви во мускулите. Доколку имате ваков проблем, пијте неколку чаши дневно вода од кокос која е полна со електролити.

Пиете вода дури и кога не сте жедни

Најдобриот начин да дознаете дали на вашето тело му е потребна вода е да бидете свесни дали чувствувате жед или не.

Не излегувате од дома без вода

Ако по цел ден носите флаша вода и го полните веднаш откако ќе го испиете, можеби пиете премногу вода. Прекумерната количина на вода може да резултира со ниско ниво на натриум во крвта.

Мачинини, главоболка и повраќање

Кога пиете премногу вода бубрезите не можат да се ослободат од вишокот течност, па водата се собира во телото, а тогаш се јавуваат непријатни симптоми како мачнина, дијареја, повраќање и силни главоболки.

Бојата на урина

Можеби веќе сте запознаени со фактот дека темно обоената урина може да биде знак на дехидрација, но тоа не значи дека би требало да имате целосно проѕирна урина. Бледожолтата урина укажува на здраво ниво на хидратација. Од друга страна, безбојната урина може да значи дека би требало да намалите со водата бидејќи сте претерано хидрирани.

x