Шест знаци дека смартфонот ви е хакиран

 Шест знаци дека смартфонот ви е хакиран

Паметните телефони станаа наша продолжена рака. Многу важни податоци се наоѓаат во овие уреди, па затоа треба да ги заштитиме од вируси и хакерски напади. Ова се шест најчести знаци што се појавуваат кога некој ќе ви го хакне смартфонот.

Се рестартира сам од себе

Нема причина зошто вашиот телефон би се рестартирал ако сè е во ред. Ако забележите дека се рестартира сам од себе, тоа може да биде знак дека вашиот телефон е хакиран или „заразен“ со некој вирус.

Не можете да го исклучите

Неможноста да го исклучите уредот е уште знак дека телефонот е можеби хакиран. наместо да се исклучи кога ќе ја изберете таа опција, често ќе отвора различни апликации, осветлувањето само од себе ќе се менува и слично.

Брзо се загрева

Ако забележите дека вашиот смартфон се загрева и кога не го користите или користите некои основни апликации ова е знак дека безбедноста на вашиот телефон е загрозена.

Непознати броеви во повиците

Кога ќе ги погледнете повиците, дали ги препознавате сите броеви? Доколку сте забележале непознати броеви во листата на повици, обратете се до некој информатичар кој може да ви помогне.

Висока потрошувачка на мобилните податоци

Веројатно знаете колку гигабајти мобилен интерент имате во својот пакет, ако сте постпејд корисник, односно колку интернет сте купиле доколку сте припејд. Сепак, не е лошо повремено да ја проверувате потрошувачката на мобилните податоци во апликацијата на својот оператор. Ако приметите нерегуларности – ова може да биде знак дека сте хакирани.

Случајни апликации на вашиот телефон

Доколку ви се појават некои апликации кои не ги користите и ви се сомнителни, има две причини поради тоа – или имате вирус или телефонот ви е хакиран.