
Шеста светска титула во кикбокс за Бени Османоски
Синоќа во Тургау Швајцарија се оддржа борба (натпреварување) за Светска титула во кикбокс до 83 килограми.
Борбата за оваа титула се оддржа помеѓу нашиот Бени Османоски од Македонија-Октиси, и неговиот противник Ибо Топирок од Германија.
Во продолжение Ви ја пренесуваме изјавата на Бени Османоски за Дубаи Портал, по повод постигнатиот успех, односно освојувањето на шестата светска титула.

- Во ова борба победив на одлука на судиите, во четвртата рунда на противникот му зададов лево кроше и го соборив, притоа имаше и броење, меѓутоа бидејќи сиатнува збор за искусен борец, Топирок продолжи да се бори како вистински борец, сепак сигурен сум дека 100% бев подобар од противникот и како резултат на тоа уследи и нова победа, така што официјално по 6-ти пат станувам Светски шампион.

- И покрај тоа што пред три недели бев болен (тежок грип), притоа имајќи го во предвид и почетокот на нашиот свет месец Рамазан, кој никогаш не го препуштам, Возвишениот Аллах ми даде сила да победам и во оваа борба и даде подтик да продолжам и понатаму, одноосно надградам себе си во овој вид натпреварување – изјави за Дубаи Портал, новиот Светски шампион Бенски Османоски.
извор:dubai-portal.com.mk