Шестчлен хируршки тим на усовршување во Норвешка – од таму заминуваат за Кабул, во мисијата „Одлучна поддршка“

 Шестчлен хируршки тим на усовршување во Норвешка – од таму заминуваат за Кабул, во мисијата „Одлучна поддршка“

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил објави фотографии од шестчлениот хируршки тим од јавното и воено здравство кои се на усовршување во Норвешка.

Посочува дека во месец март, тимот заминува во Кабул, во мисијата „Одлучна поддршка“.

„Со овие обуки, како членка треба да развиеме НАТО способност во форма на хируршки тим кој ќе стои на располагање како НАТО ресурс. Нашето членство во Алијансата значи развивање на медицинските тимови за брза интервенција, но и унапредување на здравствениот систем со пренесување на знаењето на специјализантите и студентите. Тие учат од најдобрите и ја имаат мојата безусловна поддршка!“, вели Филипче.

>
>