Шок во Египет: Прво падна град, па снег, туристи панично бегаа (ВИДЕО)

Шок во Египет: Прво падна град, па снег, туристи панично бегаа (ВИДЕО)

На првиот ден од 2022 година падна голем град, но и снег во египетското одморалиште Хургада. Мештаните и туристите објавија фотографии и снимки од невремето на социјалните мрежи.

Поради лошото време, властите на неколку провинции во Египет најавија затворање на училиштата во недела на 2 јануари, пренесува „Egypt Today“. Се повикуваат жителите да се држат настрана од дрвја, билборди и лампиони.

Снимките на социјалните мрежи покажуваат како Хургада била целосно обелена за краток временски период. На снимката бил прикажан град, со големина на тениски топчиња.

Туристите биле шокирани од глетката на која присуствувале. Бегале по хотелите за да се скријат од снегот и градот, што го покажуваат и некои видеа на социјалните мрежи.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds