Шок во Италија: Родители припадници на секта ги подготвуваат децата за „Судниот ден“

 Шок во Италија: Родители припадници на секта ги подготвуваат децата за „Судниот ден“

Родители, членови на религиозна секта кои веруваат дека се ближи Судниот ден, ги малтретирале своите деца „за да ги подготват за крајот на светот“, пишува Танјуг повикувајќи се на италијанската агенција АГИ, откако полицијата објави дека уапсиле насилни родители.

Утврдено е дека родителите – татко 51 година, мајка 41, додека се подготвувале за крајот на светот, ги подложиле своите деца на екстремно насилство, удирајќи ги со нозете, рацете и сите предмети што им биле при рака во куќата.

Децата биле будени во три часот наутро и принудувани да работат напорно на нива, да постат неколку дена по ред, без да пијат вода, со цел „да се исчистеле телото и душата“ пред Судниот ден.

Секој отпор на децата се казнувал со дополнително насилство.

Полицијата интервенирала откако една ќерка побарала помош преку таканаречениот „син телефон“, број кој беше поставен точно за да можат оние кои немаат друг начин да се заштитат, да побараат помош од институциите.

Децата се сместени во социјална установа, таткото е во затвор, а мајката е во домашен притвор со обврска секој ден да се јавува во полиција.

x