• 18/09/2020

Шок за 24 часа: Од 32 степени до минус 1, со бура и снег!

 Шок за 24 часа: Од 32 степени до минус 1, со бура и снег!
loading...
Advertisement

Летото нагло заврши во делови од Карпестите планини во САД во вторникот, откако температурата која достигна 32 Целзиусови степени паднала на минус еден степен.

Причината за температурниот шок е силниот налет на ладен воздух од Канада кој донел снег и бурен ветер во неколку земји.

Ветерот корнел дрвја, а паднал и снег кој затворил делови од патиштата и стотици илјади домаќинства и фирми останале без електрична енергија.

Сепак, разладувањето помогнало во гаснење на шумските пожари во Колорадо и Монтана, каде луѓето пред пожарот ги напуштиле своите домови.

Високи температури и силнел ветер за време на викендот ја погодиле Калифорнија и делови од северозападниот дел на Пацификот, предизвикувајќи огромни пожари. Од друга страна, снег паднал во Колорадо, Монтана и Вајоминг.

Оддалечен од океанот и неговото влијание што ги ублажува временските промени, на Колорадо не му се непознати екстремните промени. Меѓутоа, падот на температурата во градот Денвер од 34 степени во понеделникот, на нула степени во вторникот, е ‘многу порано од вообичаеното’, рекол државниот климатолог Рас Шумахер.

Државната метеоролошка служба забележала уште само шест денови од 1872-ра година кога температурата паднала за 30 или повеќе степени во Денвер, но тоа било во текот на зимата. Последниот таков пад бил во саботата, откако температурата во тој град достигнала рекордни 38 степени, еден од најтоплите денови во септември досега, рекол тој.

Иако Шумахер, вонреден професот на Државниот универзитет во Колорадо, верува дека климатските промени допринеле за толкави жештини ширум западниот дел на САД, што ги поттикна пожарите, сè уште не е јасно дали климатските промени играат улога во доаѓањето на студениот бран и екстремниот пад на температурите.

Во Јута, каде температурите нагло паднале за повеќе од 20 степени, налетите на ветерот од речиси 100 километри на час татнееле низ градот Солтлејк, кршеле дрвја, а поради тоа бил откажал почетокот на учебната година кој требало да се одвива онлајн. Официјалните лица ги предупредиле граѓаните да не излегуваат надвор за да избегнат паѓање на гранки и покриви, паѓање на столбови и кабли и други опасности. Бурата исфрлила неколку камиони од патиштата во северна Јута.

Паднал снег во висина од 15 сантиметри, на некои места дури и повеќе, а на Карпестите Планини и повеќе од 60 сантиметри, соопштила Националната метеоролошка служба.

Се очекува постепено да се зголемат температурите и до наредниот викенд да достигнат до 25 степени во областа Денвер.