Што ќе се случи ако престанете да пиете кафе?

 Што ќе се случи ако престанете да пиете кафе?

Многумина не можат да си го замислат животот без утринско кафе, но за оние кои планираат да прекинат со консумирање на оваа напивка, еве некои интересни факти за тоа што се случува во организмот кога ќе престанете да пиете.

Ќе ослабете

Кофеинот се смета за една од ретките природни работи кои помагаат во забрзување на метаболизмот и согорување на мастите. Според студија во PubMed, кофеинот го забрзува метаболизмот за 3 до 4 проценти.

Ќе се намалат главоболките

Според истражувањата, кофеинот е всушност ризик фактор за хронични секојдневни главоболки. Намалената консумација на кофеин може да ги намали главоболките.

Ќе изгледате помладолико

Откриено е дека кофеинот смета на создавањето на колаген во човечката кожа, што од друга страна би можело да предизвика повеќе брчки.

Намаленото внесување на кофеин може да придонесе за помлада и поубава кожа.

Подобар сон

Пиењето кафе може да влијае на спиењето, што значи дека навечер е можно да имате несоница, а преку ден да ви се спие.

x